![sdsm lukarevska kovacevski zecevic](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/Globe-SDSM.jpg?resize=696%2C431&ssl=1)
Централниот одбор на СДСМ вечерва донесе одлука за формирање работна група за продолжување на разговорите со ВМРО-ДПМНЕ и сите други парламентарни партии за операционализација на следните конкретни чекори околу уставните измени.
Работната група ќе ја предводи генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски.
„Централниот одбор му дава апсолутна поддршка на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски и работната група да продолжат со напорите за обезбедување широк консензус за уставните измени, а со тоа и продолжување на европскиот пат на земјата – изјави по седницата на раководното тело на владејачката паритај Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Кузеска информираше дека Централниот одбори оценил дека е добро што на средбата со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ е воспоставен дијалог во исклучително важен момент, како и дека го поздравуваат првиот чекор што го направил Мицкоски со прифаќањето на уставните измени.