СДСМ: Ги решаваме проблемите на родителите, стечајците, лицата со попреченост

Преку конкретни чекори и мерки, Владата предводена од СДСМ ја унапредува социјалната заштита и го подобрува и олеснува животот на сите категории на граѓани, порачуваат од СДСМ.

„Потпишани се договори за обнова на градинката 8-ми април во Шуто Оризари, се реконструира и се пренаменува објектот на поранешниот Пионерски дом во Куманово, којшто ќе прерасне во детска градинка. Веќе од први септември градинките ќе започнат со двосменско работење со што се излегува во пресрет на потребите на семејствата и родителите, преку оолеснување и поедноставување на секојдневниот живот“, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека го решаваат и деценискиот проблем на граѓаните стечајци кои не останале без работа, така што околу 3.000 граѓани месечно ќе добиваат по 7.596 денари, а воедно, преку законски измени, ќе се унапредат и правата на лицата со попреченост.