Продолжува лицемерното однесување на СДСМ и партиските полтрони. Со месеци тие ги сквернавеа спомениците низ Скопје, плукнаа по асномците и илинденците, ги шараа со боја и ги уништуваа. Денес со насмевка на лицето лицемерно се поклонуваат пред нив, пишува Денешен.мк.
Партискиот портпарол на Заев, Петре Шилегов, кој низа пати плука по спомениците со што ја навредува македонската нација, денес положи цвеќе пред споменикот чие сквернавење го одобруваше.
Пред спомениците се поклони и пратеничката на СДСМ, Лидија Димова, која беше дел од насилните протести на Шарената револуција, но си се повика на пратеничкиот имунитет за да се огради од насилството кое нејзината партија го предизвикува.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денес беше на Мечкин Камен каде беше исвиркан од граѓаните кои го нарекоа предавник кој ги напаѓа полицајците и бранителите и кому местото не му е таму на овој голем ден.