СДСМ ги укина дисперзираните студии, младите измамени

Животот за младите кој беше ветуван од страна Зоран Заев, најверојатно е живот за младите во странство, не во замјата, покажуваат бројките според коишто во последните три месеца откако на власт дојде СДСМ 20.000 млади луѓе ја напуштиле државата и според политиките кои ги имспроведува Владата за младите, ситуацијата може само да оди на полошо, е ставот на експертската јавност.

Оваа година бруцоши на дисперзираните студии на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ нема. Министерството за образование предводено од новата влада на СДСМ и Зоран Заев го укина уписот на дисперзирани студии на УКИМ за оваа година.

Покрај тоа што студентите нема да можат да запишат дисперзирани студии на УКИМ, од Министерството за образование и наука одлучи одредени дисперзирани студии на другите Универзитети да бидат редуцирани.

Укинувањето на дисперзираните беше една од првите мерки на Владата на Зоран Заев, кој ветуваше живот за студентите, а со одлуката за укинување на дисперзираните студии, Владата на СДСМ директно удри по младите, кои директно по себе ја чувствуваат штетата. Дополнително, со ваквата одлука им се ускрати правото на студирање на многу млади луѓе кои немаат средства да патуваат и престојуваат во други градови и директно се влијае на изумирање на градовите. Со ваквата одлука, идните студенти се изложуваат на трошоци.

Претседателот на Унијата на младите сили на ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на оваа одлука на Владата и како што кажа студентите повторно се рангирани според социјалниот статус.

„Со укинувањето на дисперзираните студии, студентите повторно се рангираат по социјален статус. Односно СДС прави да не може секој да студира. Во просек за едено семејство да прати матурант да студира некаде надвор од своето родно место во просек потребна е една просечна плата плус на семејните примања која не сите ја имаат. За разлика до сега кога матурантите размислуваа каде да студираат, односно на кој смер и кој факултет сега размислуваат во две насоки. Првиот избор е некако нивните родители да најдат средтсва дополнителни за да можат да отидат во Скопје, Штип, Битола, Охрид за да студираат или пак да не студираат и да не го продолжат образованието“, истакна Нелоски.

Тој бвини и дека немало никаква дебата за оваа одлука на СДСМ, иако Заев ветуваше дека за секоја мерка која ќе ја донесе, ќе има дебата со голем број експерти, како и со опозицијата.

„За оваа одлука да биде уште поконтроверзна доаѓа фактот што СДС, иако говори дека сите одлуки ќе ги носат низ јавна дебата, низ дискусии итн. Јас не видов дебата, не видов дебата организирана од Министерството за образование, не видов дебата организирана од Универзитетите. Нив ги разбирам, поради тоа што оваа Влада на Зоран Заев е репресивна Влада, најверојатно поради страв од притисок само се произјасниле со одредено барање до Владата, кое што јас го немам видено, не знам дали јавноста го има видено, дека има потреба од оваа мерка. Дел од нивното раководство е во Собрание како пратеници од СДС, дел од другите лица се директно финансирани од Фондацијата Сорос и сметаат дека образованието треба да им е достапно само на одредена група на млади луѓе, кои што живеат во студентските центри. Останатите најверојатно треба сами да се погрижат, да најдат начин како да студираат“, додаде Нелоски.

Сепак, оваа мерка на СДСМ не единствена лоша мерка, која директно удира по младите и студентите. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија пред неколку дена во Собранието кажа дека помошта која студентите по медицина, фармација и стоматологија ја добивале од државата сега ќе им биде укината.

„Почитувани студенти по медицина, фармација и стоматологија, благодарение на овие колеги од Социјадемократскиот Сојуз, оваа година во ваучерите од 18 600 денари за потпомагање на вашиот образовен процес ќе ви бидат укинати, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ“, Димитар Стевананџија.

Бројката иселени млади лица во минативе три месеци, период додека на власт е СДСМ во Република Македонија изнесува 20.000. Експертите се едногласни дека со моменталните политики на новата власт нивниот број само ќе расте, бидејќи не гледаат начин како младите би се мотивирале да останат во државата. А пред скоро една година Шекеринска се фалеше дека тие имале план како да ги задржат младите во Македонија, планот кој очигледно е само еден од многуте неуспешни планови и лаги на СДСМ.

„Имаме план како младите да останат тука во Македонија, тука да формираат семејство, тука да најдат работа, тука да ја градат својата иднина. ВМРО-ДПМНЕ и Груевски имаа десет години да го сторат тоа. Да понудат пристоен живот и еднaкви шанси за сите, но тоа не го сторија. Тие сметаат дека најважно од сѐ е да ги полнат своите џебови и сметки низ рајските острови“, изјави лани во ноември Шекеринска.

Пред две години, пак, премиерот Заев, за чие владеење од само три месеци како што веќе пишавме се отселиле 20.000 млади луѓе, оние кои треба да бидат двигатели на општеството, пред граѓаните ветуваше дека ќе ги враќал и оние веќе се иселени од државата. Инаку ова е најголем пораст на иселување за толку краток период во последните 20 години.

„Ќе ја нормализираме нашата земја, ќе ги вратиме институциите, ќе отвориме квалитетни работни места за да го вратиме овој моќен извор во земјата, младата популација, и заедно да ја градиме иднината на нашето општество“, изјави Заев во октомври 2015 година.

СДСМ пред изборите им ветуваше брда и долини на младите и студентите, а веднаш откако дојде на власт заборави на се она што го излажа пред изборите и им го сврте грбот на младите. СДСМ не даде поддршка на Законот за издавање на вредносни бонови-ваучери, а со тоа ги спречи студентите да добијат 18.600 денари за набавка на компјутери, кој беше само еден од многу проекти на Владата на ВМРО-ДПМНЕ за младите.

Младинската гаранција беше и еден од главните адути на СДСМ, кој го промовираа сите високи чинители во партијата.

„Проектот гаранција за млади ќе значи дека државата ќе им гарантира на сите млади граѓани во Македонија, дека веднаш во завршувањето на образованието, во рок од 4 месеци или ќе може да го продолжи образованието, или ќе добие понуда за работа, или да добие можност за практика, обука или тренинг, со кои што ќе се прилагоди на потребите на некое работно место кое што е на располагање“, пред изборите лажно ветуваше Шекеринска.

„Државата ќе гарантира на младиот човек дека по завршувањето на образованието, ќе добие три опции. Државата да му гарантира вработување, државата да му гарантира праска или дополнително дообучување, во вид на изучување странски јазик или компјутерски вештини. И трета опција државата да му помогне на младиот човек да продолжи со образование. Со крајна цел државата да гарантира дека младиот човек по завршување на образованието нема да седи невработен дома“, ветуваше и Стефан Богоев.

Со истите лажни ветувања се служеа уште и министерката Мила Царовска, Александар Кирацовски и министерот Оливер Спасовски.

На овие лаги на СДСМ реагираше и Филип Ѓоргиев од ВМРО-ДПМНЕ, тој кажа дека тие ветија проект дека по завршувањето на образованието секој млад човек од државата ќе биде вработен, ќе има шанса да го продолжи образованието или пак да оди на дообучување. Поминаа повеќе од 100 дена, но од ова се уште нема ништо.

„Овој проект насловен како младинска гаранција, се изгуби во приоритетните вработувања на луѓето од Шарената револуција. Наместо вработување на секој млад човек или шанса за дообразување и дообучување, младите имаа можност да видат дека сето тоа е лага и наместо нив се вработија твитерџии блиски до СДС, членови на Шарена Револуција, членови на Сорос. Стефан Богоев, Ивана Туфегџиќ, Зоран Заев најмногу им ветуваа на младите пред изборите. Односно, најмногу ги лажеа младите и ги извисија“, истакна Ѓорѓиев.

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски обвини дека младите биле измамени од Владата на Зоран Заев.

„Младите луѓе беа измамени. Им ветуваа младинска гаранција односно понуда за работа по завршување на образованието, но тоа не се има случено. Наместо тоа, сега сме сведоци на обид за релативизација на тоа ветување, па наместо вработување по студиите, сега веројатно ќе одат со некоја понуда за пробна привремена практикантска работа, иако и тоа не е сигурно“, потсети Груевски на суровата манипулација на СДСМ со младите.

И лидерот на младинската организација на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски обвини дека Владата на СДС во првите 100 дена не исполни ниту едно ветување кое го даде кон младите во текот на изборите. Како што тој вели младите се изманипулирани од страна на СДС. Младите гледаат дека се што ветија Заев, Шекеринска и Богоев, и излажаа. Тие ја потценија интелегенцијата на младиот човек во Република Македонија, истакна Владимир Нелоски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС едно ветуваа додека беа во опозиција, а друго прават кога се на власт. Тие ветуваа брда и долини и на крај извисија. Младинската гаранција е уште една огромна лага за предизборна манипулација со младите. СДС со овој проект ветуваше дека по завршување на своето образование, од државата секој млад човек ќе добие вработување, дообучување или продолжување на нивното образование. 100 дена откако СДС седнаа во влада, а ни трага ни глас од овој проект. Младите се уверија дека ова е уште една предизборна лага на СДС, односно уште една од многуте лаги на СДС за младинската политика. Пратениците на СДС, меѓу кои и Стефан Богоев, Ивана Туфегџиќ и другите кои велеа дека младите ќе бидат на првото место, со ребалансот на буџетот не предвидоа ниту денар за овој проект, а скратија и многу други проекти за младите. Очигледно и за жал СДС нема намера да реализира ниту еден проект за младите кои беа грубо излажани“, истакна Нелоски.

Младите се разочарани и од односот на оние кои треба да бидат нивни претсавници и да ги штитат нивните права, а во минативе три месеца ги нема никаде. Голем дел од нив коментираат дека Стефан Богоев, кој сам се претставува како другар на сите млади, дека другарот ги напуштил за да си стане градоначалник, тие се разочарани и што гласните за време на Шарената револуција Павле Богоевски и Ивана Туфегџиќ сега ги нема никаде и молчат за сите лоши политики на СДСМ.