СДСМ ги укинува дисперзираните студии-ова се дел од нив

Откако првата работа која ја направи владата на СДСМ беше укинување на екстерното тестирање, најновата „реформа“ во образованието е укинувањето на дисперзираните студии.

Во продолжение можете да ја видите минатогодишната понуда на дисперзирани студии од Министерството за образование, кои оваа година СДСМ ги укина.

ФИНКИ

-Дисперзирани студии по информатика во Тетово – понудени 50 места.

Машински факултет

-Дисперзирани студии по производно инжинерство во Кавадарци – понудени се 80 места.

-Дисперзирани студии по производно инжинерство во Струга – понудени се 80 места

Технолошко металуршки факултет

-Дисперзирани студии по металургија, дизајн и менаџмент во Кавадарци – понудени се 80 места,

-Дисперзирани студии по конфекциско инжeнерство во Крива Паланка – понудени се 80 места,

Економски факултет

-Дисперзирани студии по е-бизнис во Тетово понудени се 30 места,
Дисперзирани студии сметководство и ревизија во Велес – понудени се 30 места

Правен факултет

-Дисперзирани правни студии во Тетово – понудени 30 места,

Факултет за земјоделски науки и храна

Дисперзирани студии по градинарство и цвеќарство (8 семестри) во Гевгелија – понудени се 80 места,

-Дисперзирани студии по производство и преработка на тутун (8 семестри) во Прилеп – понудени се 80 места.

На укинувањето на дисперзираните студии реагираа и младите. Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски денеска на Фејсбук напиша дека ако продолжат вака ќе го укинат и образованието во Македонија.

– Денес илјадници студенти имаат право да бидат лути на новата Влада. Но, ова е само почеток. Веќе месец дена ќе помине немаат една работа воведено, освен укинување на проекти, напиша Нелоски.