СДСМ ги утврди преостанатите кандидати за градоначалници

Синоќа Извршниот одбор на СДСМ ги утврди кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори.
Утврдените кандидати како и другите одлуки од седницата на ИО ќе ги соопшти генералниот секретар и шеф на изборниот штаб Љупчо Николовски на прес конференција која ќе се одржи во седиштето на СДСМ со почеток во 16.30 часот.

Партијата досега промовираше 51 кандидат, а остануват уште над десетина општини.

Според партијата, станува збор за општини во кои СДСМ води со над десет или 15 проценти- Крива Паланка, Кочани, Центар, Струмица, Шуто Оризари, Македонска Каменица…

Досега се објавени овие кандидати:

Перо Костадинов – Валандово
Миликие Халими – Арачиново
Благојче Шапов – Богданци
Зоран Зимбаков – Босилово
Велимир Смилевски – Бутел
Марјан Јанев – Василево
Сашо Јанковски – Вевчани
Ивица Димитров – Виница
Роберт Бешовски – Градско
Горан Трајковски – Делчево
Лазе Петров – Демир Капија
Анго Ангов – Дојран
Борче Гиевски за Зелениково
Јордан Насев – Карбинци
Филип Темелковски – Кисела Вода
Благојче Илиев – Конче
Томе Христовски – Крушево
Аце Велковски – Лозово
Медат Куртовски – Маврово и Ростуше
Љубе Кузмановски – Новаци
Костадин Ѓорѓиевски – Охрид
Елизабета Зелениковска – Петровец
Славчо Пандурски – Пехчево
Драган Анастасов – Пробиштип
Живко Гошаревски – Ресен
Стојан Николов – Росоман
Жаклина Јовановска – Старо Нагоричане
Горан Стојановски – Чашка
Сашко Николов – Штип
Петре Шилегов – Град Скопје

За општините Берово, Гази Баба, Неготино, Могила и Ранковце: Ѕвонко Пекевски – Берово, Борис Георгиевски – Гази Баба, Јасмина Гулевска – Могила, Тони Делков – Неготино и Даниел Крстевски – Ранковце.

За Општина Карпош, Душко Весковски, во Аеродром е Александар Филиповски, во Прилеп кандидат на СДСМ ќе биде Горан Сугарески, Свети Николе Сашо Велковски, во Тетово поддршка доби Хемди Алезовиќ. Правникот Сашо Стојановски кандидат за градоначалник во Сопиште. Во Јегуновце актуелниот градоначалник, Дарко Блажевски е кандидат за уште еден мандат, а во Кавадарци партијата одлучи да го поддржи инженерот Горан Тодоров.

За Кратово Влатко Бојковски, можност за нов мандат доби и актуелниот градоначалник на Чешиново – Облешево, Горан Крстев.

Кандидат во Зрновци од СДСМ ќе биде машинскиот инженер Виктор Ангелов, во Илинден бизнисменот Александар Тодоровски, а во Демир Хисар Стефче Митревски, сегашен инспектор во Инспекторатот за земјоделство.

Нов кандидат СДСМ има и во Ново Село, социјалниот работник со Филозофски факултет, Ѕвоно Ангелов.

Ненад Коциќ, актуелен пратеник, е кандидат за градоначалник на Велес, лекарот Мирко Стојановски е кандидат за градоначалник на Брвеница.