Името на уредникот на весникот „Слободен печат“ и координатор на порталот „ПлусИнфо“, Бранко Героски, е најчесто споменуваното име на преговорите меѓу работните групи за избор на главен уредник на информативната програма на јавниот сервис МТВ, објавува порталот „Максим“.
– Героски е најсериозен кандидат за фотељата на Горан Петрески. До 15-ти октомври партиите треба да постигнат договор и за прашањата кои се однесуваат на медиумите. Извесно е дека најголем дел решенија ќе се однесуваат на МТВ, пишува „Максим“ повикувајќи се на сопствени анонимни извори.