СДСМ го гони кртот кој го издаде претседателскиот кандидат

Наместо да се следи партиската процедура, највисокото раководство на Социјалдемократскиот сојуз се пушти во потрага по кртот кој ја во јавноста ја издал информацијата дека Стево Пендаровски ќе биде нивни кандидат на претстојните претседателски избори.

Изборот на Пендаровски, како што беше објавено вчера, е направен вчера на состанок на Изборниот одбор на партијата, а неговота номинација за претседателски кандидат на Конгресот закажана за четврти март ќе биде само чиста формалност.

Информација дека Пендаровски ќе ја трча претседателската трка за СДСМ се појавија уште пред неколку месеци, но и тогаш немаше ниту демант ниту потврда.

Се очекува противкандидат на Пендаровски да му биде актуелниот претседател Ѓорге Иванов, поддржан од ВМРО ДПМНЕ, кој вчера ја потврди својата кандидатура за втор мандат. Во трката за шеф на државата ќе влезат и Зоран Поповски од ГРОМ, а обиди да се приклучат прават и независната Билјана Ванковски и Стојанче Ангелов од „Достоинство“ кои се уште се во процедура на собирање на потребните 10.000 потписи.