СДСМ го избра Оливер Спасовски за технички премиер

По повеќе од два часа консултации, Централниот одбор на СДСМ вечерва го избра кандидатот за технички премиер и останатите членови кои ќе ја пополнат техничката влада. Тој рече дека технички премиер ќе биде Оливер Спасовски, а вицепремиер за економски прашања, Мила Царовска. на местото на Спаосвски , како дополнителен министер за внатрешни работи ќе биде Славјанка Петровска , а на местото дополнителен заменик министер за труд и социјална политика ќе биде досеггашниот шеф на кабинетот на Царовска , Санела Шкриељ.