СДСМ го ништи културниот идентитет – Скратен буџет, сопрени сите археолошки истражувања

Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ денес организираше трибина на која најзастапена беше темата археологија. Говорниците истакнаа што во изминатите 10 години во оваа област било направено од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а се осврнаа и на тоа дека Владата на СДСМ во изминативе четири месеци, како и во новиот ребаланс на буџетот крати огромни финансиски средства за културата.

„Сиве овие 11 години макотрпно работевме во делот на археологијата во делот на музејската дејност и во движното и во недвижното културно наследтво. Она што е најзначајно е дека се она што можеше да се направи за 30 години ние успеавме да го направиме за 10 години. Се копаше насекаде, се отвори земјата буквално“, истакна Валентина Божиновска.

Бранислав Светозаревиќ истакна дека деновиве Музејот на ВМРО бил домаќин на најголемиот музеолошки настан во Европа, меѓународна музеолошка конференција во организација на Европската музејска академија, а на која присуствувале најеминентните музеолози од Европа.

„Се работи за настан кој досега се организирал само во Западна Европа и Северна Европа, а за прв пат во Југоистична Европа и државите каде се негува словенската култура. Учесниците имаа можност да ги посетат Скопската чаршија, сите објекти кои се во неа, „Св. Спас“, Матка, манастирот „Св.Андреја“, етно селото со археолошката поставка, Археолошкиот музеј, Музеј на Македонија, Музеј на Мајка Тереза, Музеј на Град Скопје и сите галерии кои постојат во Скопје. Впечатокот беше фасцинантен, според пофалбите и заклучоците кои ги добиваме на крајот, се работи за еден од најуспешните семинари од таков вид“, нагласи Светозаревиќ.

Поранешната директорка на Археолошкиот музеј, Весела Честоева истакна дека културата за ВМРО-ДПМНЕ претставува темелна вредност и стратешки интерес.

„Тоа и се потврди во овие изминати 11 години бидејќи ВМРО-ДПМНЕ како власт преку Министерството за култура реализираше голем број на проекти од области на археологијата. За прв пат Република Македонија по 30 години доби современ музејски простор во кој се изложемни над 8.000 артефакти, од праисторискиот дел до средниот век. Археолошкиот музеј претставува ултра модерен музеј, европската музејска академија ги виде овие престижни музејски археолошки артефакти изложени. До 2006-та година овие предмети не можеше да ги види, единствено можеше да се погледнат на годишни археолошки изложби кои се организираа. За трите години од отворањето на Археолошкиот музеј, истиот го посетиле над половина милион посетители од кои голем дел се странски туристи. Ние има со што да се гордееме и има што да покажеме, бидејќи каде и да се копне во Република Македонија излегува археологијата. Во овие четири месеци се сопрени сите археолошки истражувања во Република Македонија“, рече Честоева.

Крсто Јовановски нагласи дека културниот идентитет е нешто со кое ние треба да се натпреваруваме со сите народи.

„Оваа власт откако дојде сака, не само идентитетот кој сме го добиле од раѓање да го уништи, го ништи и културниот идентитет. Нивната девиза е дека не знаеме ние како ВМРО-ДПМНЕ што се случува и дека сме живееле во минатото, а треба да одиме во иднината. Како јас ќе одам во иднината, ако не знам кој сум? Кој ќе бидам јас во таа иднина ако немам свој идентитет? Што јас ќе му понудам на тој свет во таа иднина ако немам културен идентитет? Тоа за нив не е важно, важно е да ги остварат желбите на еден нивни лидер кој има зацртано дека така треба да биде, а тоа се практично фактурите кои му беа претходно кажани, а сега треба да ги заврши. Во нивните настапи за културата немаат ништо. Тие воопшто нити знаат што зборуваат, нити тоа што го зборуваат има смисла“, нагласи Јовановски.