![sdsm](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/08/sdsm-1.jpg?resize=696%2C463&ssl=1)
СДСМ денеска официјално го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ полковникот Драган Ковачки да биде технички министер за внатрешни работи во преодната влада до парламентарните избори во април.
„Не може да се повикувате на Право, а да го кршите Уставот. Ниту една политичка партија не смее да излегува со противуставни предлози. До 3 јануари има доволно време да се постигне состанок“, кусо стои во соопштението на СДСМ.
Ваквиот епилог следува откако вчера премиерот Зоран Заев по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицксоки, во Владата, рече дека експертите ќе треба да проверат дали предлогот за Ковачки е противуставен, бидејќи предводник на МВР може да биде само цивилно лице.
„Фактите говорат дека оние кои се огрешиле спрема законот се плашат од професионалец кој ќе ги открие, разобличи и ќе се бори против нив.
Заев и СДСМ очекува решение за човек кој мислат дека ќе го држат во рака за да продолжат со нивните комбинации“, реагираше денеска Мицкоски на својот профил на Фејсбук.
Од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со реакција дека несериозно е за вакви прашања да се дискутира преку соопштенија.