СДСМ го пушти низ вода својот кандидат во Струга

Порака испратена до некои од најверните членови и активисти на СДСМ уште на крајот на септември е неспорен доказ дека во СДСМ Струга имало структури – цела една групација која работела на повторниот избор на Рамиз Мерко за градоначалник.

Она што е евидентно од пораката е дека ваквото работење сигурно било координирано со претседателот Зоран Заев и други високи партиски структури.

Прашањето е зошто некој глумел поддршка на партискиот кандидат Димче Шипинкароски, кога локалните партиски структури работеле по наредба на Заев за Мерко.
Никому не му паѓа на памет дека ова би можело да се работи без знаење, одобрување и насоки добиени од Заев.
Токму тој ја урнал надежта на искрените партиски членови кои застанале зад кандидатурата на Шипинкароски.

Резултатите јасно покажуваат дека ваквото организирано дејствување на оваа група го пушти низ вода Димче Шипинкароски. Зарем можело да се случи ова, без да бидат инструирани директно, уште во првиот круг да гласаат за Рамиз Мерко. Веројатно лично или преку слични пораки како оваа.

Со оглед на тоа што пораката е испратена од службениот број даден од Советот на општина Струга на досегашниот и сега повторно реизбран советник, Александар Ѓуроски, истата е несоборлив доказ за игрите кои ги играле раководството на СДСМ и локалните партиски групи.