СДСМ го уништи Охрид со дивоградби а Заев со прст не мрдна да ги спречи, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Владејачката СДСМ го уништи Охрид со дивоградби и откако оваа партија е на власт секојдневно никнуваат дивоградби, а нејзиниот лидер и премиер Зоран Заев со прст не мрдна да ги спречи, додека луѓе од неговата коалиција дивеат во градот и се дел од урбаната мафија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Поради Зоран Заев и Константин Георгиевски Охрид може да го загуби статусот на заштита од УНЕСКО. Власта на СДСМ е директно виновна за хаосот во Охрид“, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Поради тоа, општинската власт во Охрид која по октомвриските локални избори ќе ја води ВМРО-ДПМНЕ ќе ги промени работите и ќе го врати сјајот на градот, посочуваат од опозициската партија.

„Време е за одговорни политики. Време е за Македонија за сите луѓе“, се додава во соопштението.