СДСМ го уништи животниот стандард, никогаш не се живеело полошо, имаат за многу што да одговараат, вели Димитриеска – Кочоска

-Животниот стандард го уништија, јас постручно велам животниот стандард, меѓутоа нема семејство што не живее полошо отколку претходно, цените отидоа угоре. Не е суштината платата да се зголемиш ако вредноста се намалува или на пензијата, значи не постигнала ништо актуелната власт. Многу е смешно кога ветуваат плати и пензии, а притоа не размислуваат во делот на цените. И во тој дел апсолутно немаат никаков план“, истакна Гордана Димитриеска- Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник во изборна единица 1 во вчерашната емисија „Вечерно шоу на Богдан Илиевски“ на Алфа телевизија говорејќи како актуелната власт го уништи животниот стандард на граѓаните со лошите политики.

Таа притоа се осврна дека и корупцијата и криминалот се во пораст поради несправувањето со истите. Поради тоа од Македонија се иселуваат многу млади луѓе кои финансиски се многу добри и се на добри работни позиции. Корупцијата, криминалот и нефункционалниот систем пресудија многу граѓани да си заминат од Македонија.

„Според мене Бисера Костадиновска треба да одговара и за Универзална сала, Тренчевска за злоупотребите што ги произнесе нашиот министер во однос на мерката што се давала социјална помош и каде има штети од над два ипол милиони евра. После 30 мај 2022 таа мерка требало да престане, но ја продолжиле. Исто така ќе одговара и за мерките за пензионерите што даваа финансиска помош сега пред избори, се даваа пари и на пензионери кои не влегуваа во групите на социјално ранливи. Имаат за многу што да одговараат“, таа нагласи.

Посочи дека на овие избори СДС ќе изгуби многу, граѓаните одлучија да ги казнат за штетните политики.

„Кажавме јасно и гласно дека борбата со сивата економија ни е една од клучните работи“, укажа Димитриеска Кочоска.

„Имаме формирано тело во кое ќе учествува министерот за внатрешни работи со министерот за финансии, тука ќе се и организациони тела како УЈП, Царина, Финансиска полиција, Управата за перење пари и организиран криминал. Ќе имаат чести состаноци на кои ќе ги следат јавните набавки, трансфер на пари итн. И тоа се со цел да ја сведеме корупцијата на нула“, порача таа говорејќи што идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе направи за корупцијата да се сведе на нула.

Димитриеска Кочоска укажа дека е потребна помошта од граѓаните затоа што тие треба да пријавуваат до надлежните институции.