СДСМ и ДУИ ги повлекоа заклучоците кои ги предложија

Собранието трет ден ќе расправа за Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори со Европската Унија, предложена од страна на француското Претседателство со Советот.

Денес, СДСМ и ДУИ ги повлекуваат заклучоците што ги предложија, за да не се забележи неединство, заради тоа што Морачанин, Трајанов и уште двајца пратеници од СДСМ најавиле дека ќе гласаат против или ќе бидат отсутни од гласањето.

Според списокот на пријавени пратеници, останати се уште тројца кои имаат право на збор, по што Собранието ќе треба да одлучува по Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со ЕУ.