СДСМ и ДУИ не сакаат да се реши хаосот со пасошите

Ако пратениците на СДСМ и на ДУИ кренат рака во Собранието и го изгласаат законот за патни исправи, како што тоа го направија за законот за безбедност на сообраќајот, во однос на возачките и сообраќајните дозволи, тогаш многу ќе им се олесни на граѓаните во ситуацијата со хаосот со вадењето пасоши со новото име на државата.

Ова го рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во своето гостување утринава на телевизијата Сител.

Тој дополни дека пратениците на СДСМ и на ДУИ се должни да им угодат на граѓаните на Македонија, бидејќи земаат плата од нив.

Тошковски објасни дека прави напори во министерството да се достигне бројката за изработка на 3.300 пасоши дневно, за да може до крајов на годинава целосно да се реши проблемот. Моментно, според него, капацитетот на МВР е 3.000 пасоши дневно.