
Љупчо Николовски и СДСМ се креатори на стекнувањето без основ и богатење за време на функција, тие не може само да се прикријат себе. Законот за потекло на имот е само фарса. Нема високо раководен функционер на СДСМ кој не го зголемил својот имот додека е на функција, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Петре Шилегов изгради зграда дивоградба и луксузна хациенда во Маврово, и тоа е имот кој не се покрива со пријавените приходи. Луксузна хациенда на Осогово изгради Мила Царовска, а куќа со поглед на цело Скопје на Водно Венко Филипче. Заевци велгуваат и купуваат фирми за производство на марихуана, а Шекеринска си го зголемува своето богатство со нови недвижнини. СДСМ и нивните функционери се фатени на дело со имот кој не можат да го оправдаат, а ЈО не постапува. Законот за потекло на имот е само фарса. 5 години ништо не направија, само ги лажат граѓаните, велат од партијата.