СДСМ им ја одзема перспективата на младите – јавниот долг 7,64 милијарди евра, предупредуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Владејачката СДСМ им ја одзема перспективата на младите, јавниот долг 7.64 милијарди евра. Заклучно со 30.09.2022 година јавниот долг е 7.64 милијарди евра. Ова е историски највисок долг, а притоа нема инвестиции, нема проекти, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„И додека расте долгот, расте и инфлацијата. Македонија ја има највисоката стапка на инфлација во регионот и Европа. Со инфлација од 20% се анулира секаков раст плати, а народот осиромашува.

Со СДС секој негативен показател во економијата расте. Се зголемува и трговскиот дефицит. Економијата со СДС е сѐ поранлива и по зависна.

Наместо да го креираат најголемиот буџет во историјата и да трошат пари на се и сешто, СДС да ги применат и инкорпорираат мерките кои ВМРО-ДПМНЕ ги предложи, а ќе значат помош за стопанството и граѓаните“, додаваат од опозициската партија.