-2.2 C
Skopje
четврток, јануари 2, 2025

СДСМ ископира уште еден проект на ВМРО-ДПМНЕ кој порано го напаѓаше

Власта уште еднаш докажа дека е способна да се кити со туѓи пера, додека претходно истото го напаѓаше во јавноста.

Станува збор за проектот „купи куќа, купи стан“, проект кој беше создаден од страна на ВМРО-ДПМНЕ во минатото, а остро критикуван од СДСМ додека беше во опозиција.

Имено сегашната власт (тогашната опозиција) уште во 2012 година удри по проектот велејќи дека истиот нема да им донесе многу корист на граѓаните, за сега во 2021 година истиот да го промовираат како нивен проект.

Министерството за финансии вчера сподели со граѓаните дека годинава ќе можат да аплицираат за субвенции за станбен кредит од државата, преку проектот „купи куќа, купи стан“ на Министерството за финансии.

И додека власта мисли дека народот брзо заборава, јавноста е тука да ги потсети властите дека копираат туѓи проекти кои претходно остро ги напаѓале.