Всушност на крај ДИК изгласа по сите точки освен една за која СДСМ напушти дека треба да се проверат 15 илјади адреси на терен. И тоа ќе се направи во наредните 10 дена заедно со други проверки по институциите и ако има недоследности ќе се решат. Но никој не очекува ништо драматично.
Експертите велат СДСМ е во офсајд и ова што им се случи е голема брука. Ова што сега ќе се случува е само проверка и ова не значи дека има фантомски гласачи.
ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за проверка на онолку граѓани колку што сака СДСМ
Владејачката парија во соопштенија доцна синоќа изрази став дека поддржува секаква одлука на ДИК која ќе е донесена во согласност со Уставот, законите и меѓународните стандарди.
Без разлика дали ДИК ќе одлучи да провери 35.000, 70.000, 100.000, 200.000, 500.000 или сите гласачи, СДСМ ќе ги изгуби следните избори, заради тоа што право на глас во Република Македонија имаат сите нејзини граѓани и тоа не може да им биде одземено. ВМРО-ДПМНЕ денес соопшти и останува на ставот да даде целосна поддршка за проверка на колку сакаат граѓани, ако ценат дека треба да се проверат и сите над два милиони жители ние немаме никаков проблем со тоа и тоа ќе го поддржиме, стои во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ, нагласуваат од партијата, ќе ја поддржи секоја одлука на мнозинството на ДИК, а во насока на транспарентно и темелно проверување на избирачкиот список.
-За да не се стекне погрешен впечаток дека има било какво влијание врз одлуките на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да ги прифати сите можни одлуки што ДИК во поглед на проверката на Избирачкиот список ќе ги донесе. Доколку е неопходно нашите два члена не мора ниту да присуствуваат или да го користат своето право на глас во комисијата по однос на оваа точка, стои во соопштението.