Од СДСМ демантираат дека лидерот на партијата, Зоран Заев, синоќа се видел со специјалната обвинителка, Ленче Ристоска, информаија објавена на порталот „Курир“, а преземена на „Нетпрес“ со наслов: Заев на гости дома кај Ленче од СЈО .
Во продолжение ви го пренесуваме интегрално нивниот демант:
Медиумите на Никола Груевски со ништо не можат да го покријат неговиот неуспех да формира Влада и неговиот огромен страв од определбата на граѓаните за промени и правда во Македонија.
Измислица на Курир е дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев, бил наводно на гости кај обвинителката Ленче Ристоска.
Бараме од Курир веднаш да ја повлече лажната вест и да се извини, а тоа да го направат и другите медиуми што ја пренесоа лажната вест, во спротивно ќе поднесеме тужби за клевета.
Претседателот на СДСМ, Заев, како и секој друг граѓанин на Македонија има право на движење, а целосна лага е дека бил на адреса или во населба каде живее обвинителката Ристоска, како што се тврди во лажната вест на Курир.