
Интегрално соопштение од СДСМ:
Извештајот на Европската комисија потврди: ДПМНЕ и Мицкоски се главни кочничари на европскиот пат и на реформите на земјата.
Во извештајот стои поразителната констатација дека главната опозициска партија ДПМНЕ активно ја блокираше парламентарната работа, што беше значајна пречка за напредок.
Но, и покрај опструкциите на опозицијата, државата продолжува да ги исполнува условите за продолжување на преговорите за членство.
Блокадите и опструкциите на ДПМНЕ и Мицкоски во македонското Собрание треба да бидат поразени заради сите граѓани и заради иднината на земјата.