СДСМ: Изживување врз граѓаните заради бизнис интересите на Мицкоски, хаос во Скопје

Интегрално соопштение од СДСМ:

Хаосот во Скопје и блокадата што му се случува на градот е во политичка и логистичка режија на Христијан Мицкоски.

Граѓаните со денови не можат непречено да се движат нис Скопје, не можат навреме да дојдат на работа, на факултет, на училиште, на лекар.

Изживувањето врз граѓаните е заради бизнис интереси и кавги за тендери.

Поради лични и бизнис интереси Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ му приредуваат катастрофа на Град Скопје, а граѓаните се оставени без јавен превоз и со блокирани сообраќајници.

ВМРО-ДПМНЕ го заглави градот, како што 11 години Македонија што беше заглавена.

Сите одговорни за блокадата во градот се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката, претседателот и мнозинството во советот, директорите и членовите на управните одбори.

Тие со Мицкоски на чело се одговорни за хаосот во Скопје.

Наместо да измислуваат конструкции и да ја избегнуваат одговорноста, треба да седнат и да најдат решение за проблемот што го создадоа.

Граѓаните не заслужуваат да ја плаќаат цената за нивните кавги за тендери и провизии, да страдаат поради неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ и на Мицкоски.