СДСМ ја продава дијаспората за Бадинтер во ДИК

СДСМ ги поддржа барањата на ДУИ, одлучувањата во ДИК да се спроведуваат според принципот на Бадинтер, а се откажаа и од активната регистрација на гласачите во замена за поддршка околу прашањето за гласање на дијаспората.

Опциите кои ги нуди опозицијата покажуваат дека сакаат да ја изиграат дијаспората и да ја остават без своите претставници. Формално СДСМ се залага за пратениците од дијаспората да се избираат според просечниот број на гласови и на начин на кој се избираат пратениците во земјава, што практично значи дека тие остануваат без свои претставници.

Ако просечниот број на гласови со кои се избира пратеник во Македонија е 7200, СДСМ бара пратеникот од дијаспората да се избира со повеќе гласови од било кој пратеник во 5-та и 6-та изборна единица. За споредба во Хрватска пратеник се избира со 17 илјади гласови, а просекот за избор на пратеник од дијаспората е помалку од пола односно 7 илјади гласови. Додека во Франција со 46 194 гласа се избира пратеник во земјата, а од дијаспората се избираат со помалку од половина гласови.

Ваквото однесување на опозицијата предизвикало жестоки реакции кај членството и пониските органи на партијата. Политичкиот двоец Заев – Шекеринска со своето неколкумесечно однесување драстично ја губат довербата на членството, што укажува на се поизвесен пораз на престојните избори, откриваат извори од партијата.