
Од опозициската СДСМ велат дека тоа што власта ја претставува Македонија како четврта најниско задолжена земја во Европа, е лага.
„Власта ја претставува Македонија како четврта најмалку задолжена земја во споредба со останатите држави во Европа. Што е лага. Груевски и Ставрески долгот на централната влада на Македонија го споредуваат со јавниот долг на останатите држави а не со долговите на нивните централни влади. Што се две сосема различни работи“, рече Кире Наумов, претседател на економскиот совет на СДСМ.