Интегрално соопштение од СДСМ:
Владата предводена од СДСМ во услови на најголемата криза, во којашто се наоѓа Европа и светот во континуитет презема мерки за заштита на стандардот на граѓаните, како и на економијата во целост.
Во последниот пакет антикризни мерки, особено внимание е посветено на мерките за одржување на ликвидноста на компаниите и на финансиска поддршка за фирмите преку Развојната банка.
Предвидено е субвенционирање на договорна каматна стапка по кредити дадени од комерцијалните банки на деловни субјекти кои ќе ја реинвестираат добивката за 2021 година.
Се овозможува финансиска поддршка преку директно кредитирање од Развојната банка на Северна Македонија на компаниите, со што се подобрува ликвидноста на деловните субјекти преку исплата на бескаматни кредити за обртни средства по поволни услови.
Финансиска поддршка за обртни средства се обезбедува и преку комерцијалните банки, при што владата ќе субвенционира каматна стапка од 3,2% до 4% годишно, а фирмите ќе користат кредити за обртни средства без камата.
На располагање на комапниите е и Гарантниот фонд преку Развојната банка. Со оваа мерка ќе се издаваат портфолио гаранции за микро, мали и средни трговски друштва до 80% и индивидуални гаранции за големи трговци до 50%.
Инвестирањето во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија ќе се поттикнува со кредитирање на компаниите со бескаматни кредити до деловните банки, со нова кредитна линија за стопанството преку ЕИБ за зелена транзиција, како и со пристапот до зелено финансирање за малите и средни претпријатија и поединци и домаќинства за инвестиции во обновливи извори на енергија и решенија за енергетска ефикасност.
Глобалната криза ќе ја премостиме со добри мерки и политики, заедно и посветени на решавање на проблемите од неа ќе излеземе посилни.