Интегрално соопштение од ВМРО-ДПМНЕ:
ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Данела Арсовска со својата неспособноста и со кавгите меѓу себе го создадоа хаосот во Скопје.
Нивна е одговорноста што градот е без јавен превоз, што јавните градски претпријатија се во колапс, а граѓаните на Скопје се соочуваат со блокади, проблеми во движењето и извршувањето на секојдневните обврски.
ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и Арсовска не можат да избегаат од одговорноста, тие треба да сработат и да најдат решение за да престанат блокадите и граѓаните повторно да добијат јавен автобуски превоз.
Градоначалничката, претседателот на Советот, мнозинството советници, мнозинството советници во Советот, сите се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и само оваа партија може да стави крај на овој хаос.
Наместо проекти и решенија, граѓаните гледаат блокади, кавги за тендери и нефункционалност на институциите.
Една година градска власт на ВМРО-ДПМНЕ е една година стагнација на градот.