„Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, функционирањето на правната држава е најголем проблем за Христијан Мицкоски. Седнат во белиот дворец, симболот на криминалот и корупцијата, уште еднаш потврди кој е неговиот најголем проблем: функционирањето на правната држава и СЈО“, соопштуваат од СДСМ.
Додават дека е несоодвета е било каква споредба на владеењето на криминалната ВМРО-ДПМНЕ и режимот кој ја опустоши државата во изминатите 11 години со позитивните промени во сите сфери во последните 2 години.
„ВМРО-ДПМНЕ созададе режим, ја оддалечи земјава од НАТО и ЕУ. СДСМ за две години обезбеди членство во НАТО, најпозитивен извештај од ЕК и чиста препорака.
Како на меѓународен план така и на внатрешен, за 2 години е напревено повеќе отколку во изминатите 11 години. Напредокот е одлика на СДСМ, изолацијата и уназадувањето, криминалот и корупцијата е одлика на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да се спремат за нов пораз на следните избори.
Северна Македонија продолжува напред, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ остануваат назад“, стои во соопштението на СДСМ.