
СДС во Берово не ги почитува препораките за заштита од коронавирусот.
Кандидатот за пратеник Јагода Шахпаска, која е и доктор специјалист заедно со градоначалникот и директорот на комуналното претпријатие, денес имаа партиска средба во село Мачево.
Ниту тие ниту граѓаните кои присуствуваа на средбата не носеа маски и ракавици. Дали нејзе, како доктор, и е важно само пратеничкото место и власта.
Истата беше изнесена од објектот маскирана во стил на Катица Јанева, откако жители на Мачево ги предупредија дека треба да ги почитуваат мерките и за нивниото непочитување ќе ги известат медиумите