Активисти на СДСМ вечерва пробале насилно да упаднат во централниот штаб на партијата ГРОМ кој се наоѓа на раскрсницата помеѓу улиците Рузвелтова и Теодосиј Гологанов во скопски Карпош.
Насилниците со тупаници и шлаканици физички го нападнале и кандидатот за градоначалник на ГРОМ за Карпош, Стевче Јакимовски. Според информациите биле употребени и ножеви и лисици.
Во моментов пред штабот на ГРОМ има голем број полициски службеници.