Ништо не ги колеба ВМРО-ДПМНЕ да шират лажни вести, нема илегална вакцинација, нема ниту шверц на лекови, тоа беше одлика на режимското владеење на ВМРО-ДПМНЕ, одговори СДСМ како реакција на ставови изнесени од Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа што ВМРО- ДПМНЕ гради имиџ со ширење лаги и монтирање видеа говори за тоа на кое политичко дереџе се дојдени. За ДПМНЕ не значи ништо ако амбасадор на странска држава им испрати нота дека лажат, тоа им стана секојдневие. На Мицкоски единствена политичка стратегија освен да нема став за ништо, исто му е тој и неговата партија да манипулираат и да шират лаги. Вакцинирањето не е пиење Ц витамин, да се одвива скришум и само за одбрано друштво. Со Министерството за здравство сега раководи д-р Венко Филипче, во негов мандат не постои илегална вакцинација, не постои шверц на вакцини и лекови, тоа можеби портпаролот дојденец од Демократска Алтернатива мисли на владеењето на ДПМНЕ“, се наведува во реакцијата на СДСМ.
Оттаму истакнуват дека од почетокот на пандемијата ВМРО-ДПМНЕ освен политичко профитерство на сметка на здравјето на граѓаните, не направиле ништо друго.
„Да ги прашате зошто не влегуваат во Собрание да се изгласа Законот за лекови нема да знаат што да ви одговорат. СДСМ нема да се спушти на нивото на фејкњуз ВМРО-ДПМНЕ, нема да праша дали можеби Христијан Мицкоски и Александар Николоски се вакцинирале против корона додека беа на пат во неколку европски земји“, завршува реакцијата на СДСМ.