СДСМ не успеа да избега од избори

И покрај сите напори СДСМ не успеа да избега од избори. Вчерашната маратонска средба на која присуствуваа лидерите на четирите најголеми политички партии во земјава, еврокомесарот Јоханес Хан и европратениците Вајгл, Кукан и Ховит сепак резултираше со договор за излез од политичката криза.

Дипломатски извори за Нетпрес брифираат дека на вчерашната маратонска средба Заев 40 минути не сакал да го потпише договорот, се правдал дека не разбира што е технички министер за позицијата во МВР, поради што жестоко го нападнале сите странци, почнале да го навредуваат дека е нестабилен и дека со такво однесување неможе да успее како политичар и дека партијата ќе му се распадне.

Овие информации и претходно во текот на синоќешната средба беа пренесени од дел од медиумите, кои тврдеа дека еврокомесарот Хан лично му рекол на лидерот на СДСМ дека нема чувство за политика, а сака да биде премиер.

„Ти немаш чувство за политика, а сакаш да бидеш премиер. Со ова однесување ќе ти се распадне партијата“.

Ова се зборовите со коишто Хан му се обратил на лидерот на опозиционерите.

Според информациите што се појавија во јавноста, Хан бил толку лут што дури и со раката удрил по масата. Истите зборови на адреса на Заев биле упатени и од Ричард Ховит, по што лидерот на СДСМ попуштил под притисокот и се согласил во април да се одржат избори.

Од друга страна претседателот на Владата на Република Македонија и на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски е задоволен од исходот бидејки цел изминат период тој и владејачката партија бараа од СДСМ да се согласи за избори.

СДСМ бегаше цело време од избори затоа што нема поддршка од граѓаните. Ако се земат во предвид анкетите коишто на СДСМ му гарантираат изборен пораз, а бидејки рокот до избори е кус невозможно е да се очекува дека СДСМ ќе има позитивни резултати.

Тука се поставува прашањето како тоа ќе му го објасни раководството на СДСМ на своето членство?