
СДСМ реагира на денешната прес-конференција на Тони Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Апсурдно е ВМРО-ДПМНЕ да пласира лажни вести за наводни притисоци кон граѓаните или советниците, кога уцените, заканите, притисоците и насилството кон граѓаните се одлика и познат метод на функционирање исклучиво на ВМРО-ДПМНЕ. Токму поради таквиот начин на владеење ВМРО-ДПМНЕ беше казнета на последните локални избори.
Лажна е веста дека СДСМ или нејзини членови се заканувале кон советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба. Тоа не е точно. СДСМ ја почитува изборната волја на граѓаните, ги поддржува и промовира демократските вредности како врвен интерес на граѓаните.
Оттука, СДСМ очекува надлежните институции до крај да го расчистат случајот за кој денес лажно обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа ќе се дознае кој навистина се заканувал и ќе се тргне отворениот сомнеж дека денешната прес конференција на Тони Бојковски е очајнички обид на ВМРО-ДПМНЕ да ги заштити вистинските извршители на заканите“ тврдат во реакцијата на СДСМ за инцидентот за кој извести во саботата и министерството за внатрешни работи.