
Пратениците на опозицијата нема да присуствуваат на седницата на Собранието. Ова денес на прес-конференција го најави лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Груевски, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ предлагаат закони коишто се спротивни на интересите на граѓаните, на државните интереси и на Договорот од Пржино. Повторно носат еднострани одлуки, обвини Заев.
Тој рече дека аболицијата мора да биде целосно поништена и дека законот мора да важи подеднакво за сите.