СДСМ нема кредибилитет да говори за надворешната полиика и кадровските решенија во македонската дипломатија. Впрочем во нивно време на позициите дипломати, беа испраќани највисоки партиски функционери, кои наместо да ја вршат својата функција ја резилеа Македонија препукувајќи се за внатрепартиски прашања во СДСМ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ Уште по еклатантен пример за дното кое го допре македонската дипломатија во време на СДСМ е физичката пресмета на тогашната македонска амбасадорка, исратена од СДСМ во Холандија со персоналот од амбасадата. Исто така еден од пулените на СДСМ и опозицијата додека ја вршеше функцијата амбасадор во Брисел, беше поврзуван со срамна злоупотреба на функцијата за шверц на гуми. Фрустрациите и неинвентивноста на СДСМ достигнуваат врв со безцелни деградирања на сопствената држава и македонските надворешно политички интереси. Последно во серијата е целосно неоснованото обвинување. Гоце Карајанов е сегашен генерал конзул во Њујорк. Професионален дипломат, школуван на врвна светска институција за меѓународни односи (МГО) во Москва, каде се обучувани меѓу друго и поголем број на европски министри за надворешни работи, комесари, дипломати итн. Воедно владее одлично англиски и руски јазик и поседува високи способности за градење на контакти и промовирање на Република Македонија. Како млад и исклучително способен човек, кој се градел и докажувал во Министерството за Надворешни Работи и на мандати во странство, вклучително и сегашниот ангажман како генерален конзул во Њујорк, веруваме дека може да придонесе уште повеќе во иднина. Недостатокот на такви профили во редовите на една група дежурни неосновани обвинители е сигурно фактор кој ги зголемува фрустрациите кај нив. Тоа во секој случај е мотив повеќе, да се бориме за македонските интереси, да ја промовираме татковината и да се залагаме за привлекување на што е можно повеќе бизниси во Република Македонија. Воедно, за разлика од времето кога поинакви матрици на луѓе одлучуваа и во надворешните односи, денес пропусти и несоодветно однесување секогаш се санкционира, додека работа и посветеност се наградува. Така е денес во сите случаи и само така може да се очекуваат видни резултати“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.