СДСМ: Неопходен е мирен трансфер на власта

СДСМ смета дека е неопходен мирен трансфер на власта и оценува дека Манифестот на ВМРО-ДПМНЕ е неуспешен обид за враќање на Никола Груевски во политичкиот живот.

– Денес е 2017, не 1903. Волјата на мнозинството граѓани е промени, правда и квалитетен живот. Гласот на граѓаните изразен на кредибилни избори никој нема право да го спречи. Формирано е на демократски начин парламентарно мнозинство од 67 пратеници. Има програма на новата реформска влада на унитарна Македонија и тоа е единствениот валиден документ за граѓаните. Следува трансфер на власта на мирен начин што никој нeма право да го спречи, стои во партиското соопштение.

Според СДСМ, Македонија ќе биде правна држава, а сите кои направиле криминал ќе одговараат.