СДСМ објавија дека оддале почит пред „спомен куќата“ Гоце Делчев

Владејачката партија СДСМ на социјалните мрежи објави во неделата дека претходниот ден оддале почит пред „спомен куќата на Гоце Делчев“, а оваа објава неколку часа стоеше без да биде коригирана.

Денеска, таа е сменета и зборовите „спомен куќа“ се избришани, а избришана е и една од четирити фотографии.

Инаку во црквата „Свети Спас“ во скопско Кале се наоѓа гроб со саркофаг на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Негова желба било да почива во Македонија.