Крајно фрустрирана бидејќи не може да го сврти вниманието на друг начин, најмалку со работа и проекти кои што воопшто ги нема, како и фактот дека има убедливо помала доверба од граѓаните што се виде и од последната анкета на Американскиот републикански институт ИРИ според која ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојна предност пред СДСМ, најголемата опозициска партија оди на приземни, ниски и недолични провокации, пишува „Курир“.
СДСМ очајно ја менува стратегијата преку луѓе кои ги купува за пари или друг вид на помош за да создаваат тензии, да прекинуваат изјави, навредувааат и се закануваат врз премиерот, членови на влада, градоначалници и пратеници.
Иако до сега се премолчуваше, евидентна станува нивната агресија, па така платеникот Саше Ивановски- Политико денеска поддржан со нов платеник од редовите на СДСМ познат како Ѓуро Кешкец, кој е активист на СДСМ и е дел од шаторите на СДСМ пред Владата направија уште еден очаен упад на јавниот настан кој беше проследен од новинарските екипи.
Саше Политико и активистот на СДСМ, Ѓуро Кешкец, кој инаку има фотографии од штабот на СДСМ заедно со Заев, според присутните на денешниот настан беше и во алкохолизирана состојба. Тие дојдоа заедно да го проследат настанот, што упатува на организираноста зад која стои СДСМ. Дополнително, според ФБ профилот на Кешкец, тој има напишано дека работи во СДСМ.
Освен тоа, тие постојано се местеа пред објективите на новинарските камери само за да го попречат самиот настан. Потоа, за време на изјавата довикуваа недолични зборови со цел да го прекинат настанот. Како што може да се види од видеото, Политико и Кешкец пред настанот се договараат како да дејствуваат, а според присутните Ивановски по настанот му честитал на опозицискиот активист и двајцата се упатиле кон штабот на СДСМ.
Откако беа замолени културно од обезбедувањето да престанат со таквото однесување, тие со пцости и закани се нафрлија врз нив, сакајќи да се прикажат како жртви на наводно насилство. Откако ваквите намери и недолично и вулгарно однесување беше осудено и од самите колеги новинари, Саше Политико и активистот на СДСМ Ѓуро Кешкец си заминаа заедно.
Ваквите приземни и ниски провокации е дното на делувањето на СДСМ и откако не успеаа да го свртат вниманието на јавноста со деструктивното сценарио, со бомбите и протестите, сега тие на ваков вулгарен начин сакаат да привлечат внимание и тоа да го прикажат за наводно незадоволство на граѓаните од актуелната власт. Дека се работи за организирано дејствување се гледа и од пермантентите упади кои што се прават на настани на министри и функционери од власта.
Нечовечноста на СДСМ и поигрувањето со судбините на платениците се гледа и во фактот што речиси јавна тајна е дека тоа тие го прават за финансиска надомест, а особено се податливи бидејќи се наоѓаат во потешка финансиска состојба. Дополнително, со оглед на фактот дека истите се наоѓаат во специфична психичка состојба, СДСМ тоа го злоупотребува за сопствени цели и на нивната мака спроведува политичка стратегија да прават нереди.
Станува очигледно дека освен со интелектуални рекетари, СДСМ се вооружува и со платеници рекетари кои треба да глумат новинари, што во основа претставува брутално рушење на новинарските стандарди и подривање на новинарската професија. Kако што може да се види на фотографиите, Кешкец говорел и на трибини организирани од СДСМ.
За овие очајни и недолични провокации, Насер Селмани и еснафското здружение ЗНМ наместо да ги заштитуваат ваквите платеници треба да го осудат фрапантното газење на стандардите и ваквиот примитивизам и загрозување на слободата која ја прави СДСМ. Тие иако се прикажуваат за душегризници за слободата, всушност се први кои ја газат и ограничуваат