СДСМ не ја испочитува Народноослободителната борба

Денот на победата над фашизмот беше одбележан со низа манифестаци во повеќе градови низ земјата, а СДСМ беше единствената партија која не испрати своја делегација, со што само уште еднаш потврди дека не почитува ништо и никого.

СДСМ тоне во сопствената омраза и гнев кон се живо во земјава, тоне во кал се подлабоко демонстрирајќи еден извитоперен систем на вредности и непочитување на ништо и никого. Оваа партија, која упорно напаѓаше за непочитување на придобивките од антифашистичката борба, денеска на споменикот на партизаните пред Владата беше единствената која не испрати делегација да положи свежо цвеќе. Истото се случи и при оддавањето почит пред спомениците на Методија Андонов Ченто и на АСНОМ. СДСМ едноставно ја забори прославата во која се приклучија сите субјекти, целиот дипломатски кор во земјава, американскиот рускиот, украинскиот амбасадор, сојузот на борци, партии, градот Скопје…

Зошто ниту еден претставник од СДСМ не оддаде почит и не се појави никаде не знае никој, па дури ни портпаролот Петре Шилегов, кој кога го побаравме за изјава ни рече кусо:

„Моментно не сум во Скопје и незнам што се случува“.

За разлика од СДСМ, во тие што положија цвеќе пред споменикот на партизаните беше и лично премиерот Никола Груевски со висока владина делегација. Делегација на македонската Влада, исто така, положи цвеќе на споменикот на АСНОМ и на споменикот на Кузман Јосифовски Питу во „Жена парк“, како и на споменикот на Методија Андонов Ченто на плоштадот Македонија.