За сите инволвирани во случајот на клиниката за онкологија, во целиот период наназад ќе има одговорност, никој нема да биде заштитен и никој нема да биде поштеден, независно од политичката или етничка припадност, порачаа од СДСМ.
„Институциите работат со цел расчистување на овој грозен случај и одговорност за сите вмешани.
МВР и обвинителството преземаат истражни дејствија, коишто се спроведуваат на најпрофесионален начин за да ги идентификуваат лицата што се огрешиле пред законот и пред етичките и моралните принципи.
После 20 години, гласини, за прв пат МВР и Обвинителството влегоа на онкологија и направија акција за прибирање на обемен доказен материјал во врска со јавно изнесени обвиненија и сомнежи од страна на граѓани, медиуми, пациенти.
Потребна е професионална и брза истрага за целосно расчистување на случајот и откривање на сите одговорни, во целиот временски период, години наназад.
Политизација и злоупотреба на случајот за ситни дневни политички поени е недозволива“, стои во соопштението на СДСМ.