СДСМ, преку Комисијата за образование организира собир на наставници и просветни работници.
„Собир на којшто ќе биде искажан револт од погрешните политики во образованието од страна на владата на Христијан Мицкоски и министерката Весна Јаневска.
Заедно да го искажеме незадоволството и да го кренеме гласот, да извршиме притисок врз власта да ги промени погрешните политики“, стои во објавата на Фејсбук страницата на опозициската СДСМ.