СДСМ останува со аболициран лидер, кој делеше тендери на роднини

Човекот кој делеше тендери на роднини, се закануваше дека ќе јаде живи луѓе и ќе се пука, аболициран од Бранко Црвенковски за криминал од 8 милиони евра останува лидер на најголемата опозициска партија.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев ја доби довербата на синоќешниот Конгрес на најголемата опозициска партија. Поддршка за Заев дале 413 делегати, додека против гласале 176. И покрај катастрофалниот пораз на предвремените парламентарни избори со 200.000 гласа разлика, што е втор во историјата бидејќи потежок пораз има доживеано само Шекеринска во 2008 година, двоецот на СДСМ остана на чело на партијата.

Заев го носи товарот на криминалната приватизација, скандали и афери во кои тој и актуелните членови на раководството на СДСМ беа клучните актери во владеењето на Црвенковски и СДСМ. Но, тука е и аболицијата на Заев од страна на Црвенковски за криминал од 8 милиони евра, десетиците случаи на тендери и афери доделени на негови роднини, браќа, братучеди, афери кои се провлекуваат во неговото управување во Струмица како аферите на останатото раководство на СДСМ, објавува порталот „Курир“.

При­каз­на­та за Зо­ран За­ев за по­до­бро ин­фор­ми­ра­на­та по­ли­тич­ка јав­ност поч­ну­ва во 2003 го­ди­на ко­га ста­ну­ва пра­те­ник на СДСМ во ма­ке­дон­ско­то со­бра­ние. Дип­ло­ми­ра­ни­от еко­но­мист на скоп­ски­от Еко­ном­ски фа­кул­тет и не­су­де­ни­от ма­ги­стер по мо­не­тар­на еко­но­ми­ја и фи­нан­сии оста­ну­ва пра­те­ник до 2005 го­ди­на ко­га прв­пат ста­ну­ва гра­до­на­чал­ник на Стру­ми­ца. Во сво­ја­та ка­ри­е­ра ни­ко­гаш не ста­на поз­нат по про­е­кти и идеи по­вр­за­ни со мо­не­тар­на­та еко­но­ми­ја и фи­нан­си­и­те, но за­тоа во сво­јот ро­ден град во сво­и­те два­е­сет­ти го­ди­ни вр­шел не­кол­ку функ­ции. Член на СДСМ е од 1996 го­ди­на, по што бил ди­ре­ктор на фир­ма­та „Тр­го­про­дукт“, член на Упра­вен од­бор на ште­дил­ни­ца­та „Пе­он“, бил член на Упра­вен од­бор на се­меј­на­та фир­ма „ИГМ – Еле­ни­ца“ и пре­тсе­да­тел на Упра­вен од­бор на јав­но­то прет­при­ја­тие „Ко­му­на­лец“ во Стру­ми­ца, анализираше неодамна неделникот „Република“.

На ши­ро­ка­та јав­ност Зо­ран За­ев ѝ ста­ну­ва поз­нат на 17 ју­ли 2008 го­ди­на ко­га за­ед­но со уште пет­ми­на со­ра­бот­ни­ци е уап­сен по­ра­ди зло­у­по­тре­ба на служ­бе­на­та по­лож­ба во вр­ска со из­град­ба­та на тр­гов­ски­от цен­тар „Гло­бал“ во Стру­ми­ца.

Слу­ча­јот за­вр­ши со або­ли­ци­ја­та пот­пи­ша­на од стра­на на то­гаш­ни­от пре­тсе­да­тел Бран­ко Цр­вен­ков­ски. Со од­лу­ка­та на пре­тсе­да­те­лот, кој, во сог­лас­ност со то­гаш­ни­те за­кон­ски мож­но­сти кои му да­ваа ди­скре­ци­о­но пра­во, ги ос­ло­бо­ди Зо­ран За­ев и не­го­ви­те со­ра­бот­ни­ци, об­ви­ну­ва­ња­та про­тив не­го ни­ко­гаш не до­жи­ве­а­ја суд­ска раз­вр­ска, а ди­ле­ма­та да­ли За­ев го пре­кр­шил за­ко­нот за­се­ко­гаш оста­на да леб­ди во воз­ду­хот.

Во сеп­тем­ври иста­та го­ди­на, ко­га бе­ше уап­сен за слу­ча­јот „Гло­бал“, За­ев ста­на вр­ши­тел на долж­но­ста пре­тсе­да­тел на СДСМ или, ка­ко што го на­ре­че опо­зи­ци­ја­та, чу­вар на фо­тел­ја­та на Бран­ко Цр­вен­ков­ски до­де­ка тој е пре­тсе­да­тел на др­жа­ва­та. Вед­наш по пре­ки­нот на функ­ци­ја­та на Цр­вен­ков­ски, За­ев си оди од пар­ти­ска­та по­зи­ци­ја и ста­ну­ва пот­пре­тсе­да­тел. Во 2009 го­ди­на втор­пат по­бе­ду­ва во тр­ка­та за гра­до­на­чал­ник на Стру­ми­ца.

По пов­ле­ку­ва­ње­то на Цр­вен­ков­ски од пар­ти­ја­та, на кон­гре­сот на СДСМ во мај 2013 го­ди­на За­ев до­би­ва најм­но­гу гла­со­ви и ко­неч­но ста­ну­ва пре­тсе­да­тел на нај­го­ле­ма­та опо­зи­ци­ска пар­ти­ја.

Од виткање на кичмата до јадење на живи луѓе

Покрај ова, низа скандалозни изјави, гафови, непринципиелни ставови кога во прашање се националните и државните интереси се провлекуваат зад името на Заев. Лидерот на СДСМ има и контроверзен став во однос на името, изјавувајќи дека треба да се свитка кичмата за да се постигне решение и компромис со јужниот сосед.

-Она на што можеме да се согласиме е отстапница во делот на меѓународната употреба на името во сите меѓународни институци и мислам дека овде треба некој пат и да “свиткаме кичма“, како што знаат старите да кажат, изјави Заев во август 2008 година.

zaev-kicma

Исто така, Заев стана познат и по снимената изјава дека во Македонија ќе има пукање, која ја даде по повод настаните на 24 декември, кога СДСМ на сила сакасе да го узурпира Парламентот.

-Најверојатно ќе нема избори но треба да се подготвуваме како да ги има. Оти после ова што се случи во Собранието, ние немаме намера ниту да учествуваме на избори, ниту да поднесуваме кандидатски листи. А при ваков случај ако тие сами учествуваат на избори ќе има пукање. Ама треба да се спремаме како да има избори, рече Заев во телефонскиот разговор.

Во јавноста остана запамтена и изјавата дека кога ќе дојде на власт ќе има бркање од работа од чистачка до раководител, како и дека живи луѓе има да се јадат.

– Кога се дружите со нив велат вие сте меки, вие заборавате, ќе помине времето и ќе бидете пак исти, ве знаеме. Да им кажете беше Заев, апсениот Заев и дека живи луѓе ќе јадеме после тоа. Новиот концепт, кој сé повеќе ќе го слушате, ќе значи намалување и целосно кастрење на администрацијата, од една страна ќе значи и отворање на наши работни места, за нашите луѓе… ако сме успеале во ова време сите наши активисти да ги згрижиме со минимум барем еден член од нивното семејство, сега поминавме во фаза да ги згрижиме и нивните братучеди рече лидерот на СДСМ, тогаш во фунција на потпретседател на партијата.

Секако, последното по кое беше актуелен се тендерите кои Заев како градоначалник ги делеше на фирми од неговото семејство, негов брат, братучеди, роднини и бизнис пријатели. Згора над тоа, јавноста го запамети Зоран Заев и по тоа што е човек кој се “залага“ за средната класа, а кој самиот признава дека неговото семејство има имот вреден 5 до 6 милиони евра, без да прецизира колку точно вреди капиталот.