Се урива ли планот на СДСМ за брзи избори? Заев останува само со поддршка од коалициониот партнер Билал Касами. Секојдневниот пораст на новозаболени СДСМ и БЕСА не ги премислува, но останатите партии од албанскиот кампус на прво место го ставаат здравјето на граѓаните, се говори во анализата на ТВ Алфа.
За тоа дали критичните бројки се опомена техничкиот премиер Оливер Спасовски без прецизен одговор.
Од Беса со став ,избори брзи мора да има оти никој не гарантира дека состојбата во август или септември нема да биде иста или полоша.
За разлика од Беса, Од Алтернатива велат дека тие биле за избори во Јули , но доколку продолжи да расте бројот на заболени и починати од Корона, тие како партија воопшто и нема да размислуваат за избори, оти најважно им било здравјето на граѓаните.
Интегративците денеска ќе заседаваат и ќе ја анализираат ситуацијата, потврдуваат за Алфа.
Партијата на Зијадин Села останува на датумот 26 јули, но велат важен им е консензусот на политичките партии како и почитувањето на препораките на здравствените власти во врска со народното изјаснување.
ВМРО-ДПМНЕ не отстапуваат од своите позиции – дека здравјето на граѓаните е приорите, а не изборите.
Ако партиите успеат да се договорат, тогаш Пендаровски ќе свика лидерска средба на која ќе се утврди датумот. Но од она што досега јавно и официјално го соопштуваат и двете страни се уште се далеку од договор, иако неофицијално се крчкало консензуално решение за јули.
Социјалдемократите веќе не го споменуваат 21 Јуни. Тоа се толкува како можност за простор за договор со ВМРО-ДПМНЕ. 5 Јули најчесто се споменува како датум за гласање, но неофицијално постојат различни ставови за тоа дали да има избори на почетокот или на крајот на следниот месец.