![sobranie](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/12/sobranie.jpg?resize=540%2C300&ssl=1)
Откако пратеници на СДСМ од говорницата во парламентот соопштија дека било ненормално владејачка партија да бара формирање на анкетна комисија, со свои одговори се јавија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
Милошоски: Целта на анкетната комисија е да утврди кој човек и за кои намени соработувал со криминалци
AнтониоМилошоски го повика пратеникот Тунтев од СДСМ подобро да се информира дали анкетните комиси морала да ги формира опозицијата, потсетувајќи го дека во Германија имаше скандал со прислушување при што 40.000 субјекти биле прислушувани од американските тајни агенции, како резултат на што се формираше анкетна комисија и таа го отсликуваше сразмерот во германскиот Бундестаг, и беше предводена од претседател од мнозинството.
Милошоски рече и дека целта на анкетната комисија е да утврди кој човек и за кои намени соработувал со вакви криминалци за да може да ги злоупотреби за профит, политички цели, малверзации со идентитетите на граѓаните.
Можеби Спасовски бил пријател со Чауш па има политичка одговорност. Можеби Чаушот бил советник на Заев, можеби не бил. Треба да утврдиме, рече Милошоски.
Аврамоски: Ненормално е да изгубиш со 200.000 гласа, а да делиш власт
Пратеникот Аврамоски ги потсети пратениците на СДСМ дека и по влегувањето во власта забораваат дека се дел од неа: „Имаме техничка влада или немаме? Сте во владата или не сте? Во еден ден 50 директори сменивте во труд и социјала, зборувате дека сте опозиција, па каква опозиција, срамота е…“
Тој исто така ги праша колегите од СДСМ што е нормално:
Ненормално е да изгубиш со 200.000 гласа, а да делиш власт. 1992-ра влеговте во власт со пораз, тоа ли е нормално? 1994-та зедовте власт на избори без ВМРО, тоа е нормално? 2001-ва влеговте во влада од опозиција, тоа е нормално? Во 2015-та, пак истото. Влеговте во влада од опозиција. И тоа е нормално, така?, праша Аврамоски.
Карапетрова: Дали е нормално да бидете избран во собрание, да земете незаслужена плата, да не доаѓате на работа…
Пратеничката Карапетова…