СДСМ-пироманска ги пали документите? Зошто толу пожари во државни институции?

Од ВМРО-ДПМНЕ преку медиумите испратија прашање до владејачката СДСМ, дали причина за зачестените пожари на објекти во кои се сместени државни институции е уништување на документацијата?

– Утринава се случи четврт пожар во државна институција. Пожарот во ЈП Улици и Патишта доаѓа по низата пожари во државни инстутуции, како СЕП, Инспекторатот за Животна средина, министерството за правда. Во сите четири институции запалени меѓудругото се и документи од институциите – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија прашуваат дали пожарите се намерно подметнати.

– СДСМ пироманска да одговори дали ваквите пожари не се дел од смислено сценарио за уништување на документација, за можен криминал во работењето на овие институции – додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.