СДСМ денеска ја поднесе иницијативата за свикување на продолжението на конститутивната седница на Собранието. Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, рече дека со поднесувањето на иницијативата се срушени сите дилеми околу новото парламентарно мнозинство.
И покрај тоа што нема законски предвиден рок до кога господинот Трајко Вељаноски треба да одговори, сепак се надеваме дека ќе биде на висина на задачата и одговорноста на својата функција и веднаш ќе ја свика конститутивната седница, која еднаш беше прекината – рече Спасовски.
Запрашан дали се договориле околу составот на Комисијата за избори и именувања, Спасовски рече дека очекуваат пред седницата да се свика координација на пратеничките групи во Собранието на која ќе се договорат за сите прашања. Посочи дека претседавачот на Собранието Вељаноски нема рок кога да ја свика собраниската седница, но, вели, очекува тој и секој пратеник да биде на висина на одговорноста.
Неофиицјално, ДУИ има два предлога за нов претседател на Собранието, а СДСМ и БЕСА имаат по еден.