Не постои поголем варварски чин во културата од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога се потрошија над 500 милиони евра, пари на граѓаните, за стиропор, спомениици и лажен барок за проектот Скопје 2014, а свесно и намерно се уништуваше вистинското културно наследство, тврдат од СДСМ:
„Дури и aрхеолошкиот локалитет Скупи беше под закана од уништување и нагрдување бидејќи ВМРО-ДПМНЕ, за остварување на криминални интереси, противправно сакаше да изгради сала од бетон, замаскирана со травертински плочки.
За разлика од криминалното владење на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ навистина се грижи и ќе го заштити културното и историско наследство. Преку Владата што ја предводи, ќе бидат спречени сите обиди за уништување или загрозување на објектите кои се од културно и историско значење, но истовремено ќе има ревизија на сите проекти и за секое незаконско постапување ќе има одговорност“, се вели во реакцијата на СДСМ.