СДСМ пoвторно лажеше, Законот за одбрана не беше неопходно важен за членството во НАТОО

Од владејачката СДСМ повторно излажаа кога станува збор за важноста на некои законски одредби во врска со македонските евраоатлантски интеграции, конкретно во случајов во врска со  Законот за одбрана кој опозицијата не го гласаше и со кој е сменето името на Армијата на Република Македионија (АРМ), кој не беше неопходен за членство во НАТО.

Лажниот патриотизам и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш исплива на површина кога во Собранието, пратениците на опозициската партија не гласаа за Законот за одбрана, особено важен за нашето членство во НАТО. Пратениците на ВМРО ДПМНЕ гласаа за Законот за служба во АРМ, каде стои Северна Македонија, а го проблематизираат Законот за одбрана, којшто е исклучително важен за НАТО интеграцијата, објави во понеделникот СДСМ.

Лагата на СДСМ ја потврди лично генереланиот секретар на НАТО, Јене Столтенберг, кој пре точно шест дена појасни дека Законот за одбрана во Скопје нема никакво одлучувачко значење за интеграцијата во Алијансата, односно нема разлика дали ќе биде донесен или не.

Прашан за тоа дали неусвојувањето на нов закон за одбрана го става во опасност членот пет на Повелбата на НАТО за колективна одбрана, Столтенберг потсети дека Македонија, независно дали е законот сменет или не, секако ќе биде обврзана да го почитува.

Членот пет на Повелбата на НАТО е еден од најважните столбови на Алијансата, тој предвидува дека напад врз една земја членка се смета за напад врз сите останати.

Членот пет за колективна одбрана ќе биде обврска што произлегува од договорот штом С. Македонија стане полноправна членка, ние го потпишавме пристапниот протокол и штом сите НАТО сојузници го ратификуваат, Повелбата ќе се примени врз С. Македонија, а членот пет ќе биде обврска, изјави Столтенберг.

Во досегашниот закон, армијата е на „Република Македонија”, а не на Заевата Северна, но Столтенберг одби да одговори на прашањето дали тоа ќе претстави проблем за полноправното зачленување на С. Македонија во Алијансата. 

Правно, ратификуваните меѓународни повелби имаат правен примат врз домашното право. Ова ја уништува теоријата на СДСМ дека без нов закон за одбрана Макеоднија немаше да се може да се влезе во НАТО.  Вака, Заев само и направил ќеф на Грција, која освен ратификацијата на НАТО членството, нема мрднато ни педа во однос на Преспанскиот договор, популарно наречен Заева капитулација.

Експертите ова и пред гласањето го протолкуваа како уште една лажна вест на СДСМ и ја ставија во корелација со законот за ЈО, кој се претставуваше како неминовност за наводен датум за преговори со ЕУ, а во реалноста треба и го спасува нивниот лидер и врхушката од одговорност и криминал.

Прашањето кое логично се поставува е што ако и покрај Законот за ЈО, кој не беше одлучувачки за ЕУ интеграцијата туку за слободата на Заев, Македонија пролетва не добие датум за преговори?

Од друга страна, за потсетување, Заев и Димитров уште пред две години излажаа дека сме добиле датум за преговори, за што и ден-денеска сведочи познатата фотографија од владиниот авион.