Општинската организација на СДСМ во Кавадарци целосно го загуби тлото под нозете и во очај и паника, а по совет од централата на Бихаќка се обиде да подметне Чаушовско сценарио во кое би фрлиле сомнеж на претстојните избори во недела.
Исплашени од поддршката која ВМРО-ДПМНЕ ја добива во градот и денешната посета на Кавадараци од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во четвртата изборна единица Никола Груевски, СДСМ во градот се обиде да измисли афера за наводен поткуп на гласачи Роми.
Очекувањето на локалните структури на Заев беше дека на тој начин ќе фрлат сенка на поддршката која Груевски ја доби и од регионалната комора, на средбата со бизнис заедица кое го искажала своето задоволство од поволните мерки за бизнис секторот и од лозарите за исплатата на грозјето.
Токму поради ова тие се одлучиле да измислат дека во штаб на Демократската партија на Ромите се делело поткуп. Вистината е дека кога сценаристите повикале полиција и кога истата пристигнала во штабот единствено било констатирана лажна пријава.
Од извори од надлежното Јавно обвинителство дознаваме дека на лице место и официјално било констатирано дека нема никакво кривично дело.
Во врска со овој случај, коментар побаравме и од ВМРО-ДПМНЕ.
-Со внимание го следиме обидот на СДСМ во Кавадарци за создавање на манипулации со кои сакаат да го покријат стравот од извесниот пораз во недела. На СДСМ нема да му помогнат ниту овие, ниту пак вакви слични лошо режирани сцени кои немаат никаква врска со реалноста и вистината. Тие се прочитани од народот и ниту вава фабрикувана афера во стилот на претходните на Чаушот не може да им помогне, тие не можат да избегаат од соочување со народот. Ние и нашата коалиција немаме никаква потреба од вакви работи бидејќи сме убедени во мудроста на народот и неговата поддршка кон татковината, разликата е голема и за два дена доаѓа денот кога граѓаните ќе го казнат СДСМ за неговата срамна политика. Сакаме да потенцираме дека немаме намера да влегуваме во шемите за лаги и конструкции на СДСМ, но истовремено потенцираме дека сме максимално посветени и подготвени да одговориме на секаков обид за нарушување на изборниот процес и загрозување на волјата на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека ова однесување на опозицијата е очекувано.
-Нивните лаги и агресија ги трпевме две ипол години, ќе ги истрпиме и овие два дена. Кризата завршува на 11 декември и СДСМ нема веќе изговори за ништо. Крајот на кризата доаѓа. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува МВР и Јавното обинителство и официјално да се произнесат во врска со лагите кои денес ги пласираше очајниот СДСМ, велат од партијата.