Најголемата опозициска партија СДСМ конечно призна дека не ја интересира Државната изборна комисија (ДИК), туку партијата сака да воспостави контрола врз медиумите кои отворено ги напаѓа дека се нејзини непријатели.
Во текот на вчерашниот ден СДСМ излезе со соопштение дека ќе ја прифати методологијата за Избирачкиот список, доколку ВМРО-ДПМНЕ ги прифати измените на законот за медиуми.
„Курир“ пишува дека предлогот на СДСМ дека ја прифаќа методологијата за избирачкиот список само ако ВМРО-ДПМНЕ ги прифати измените на законот за медиуми, кој во суштина е предлог со кој СДСМ сака да ја загуши медиумската слобода, не е ништо друго туку правење на пазар.
А каков е овој компромис? ДИК ја прифатил методологијата на независно тело предводено од нивен кандидат? И тоа за нив е отстапка?, напиша на социјалните мрежи новинарот Цветин Чилиманов.
Опозиционерите измислуваат услови за да подоцна се пазарат за работи кои нив им се важни. Тоа индиректно значи и признавање дека намерно се кочи ДИК, преку предлози кои суштински ништо нема да подобрат, туку се користат како средство за пазарење. Ова го покажува и неискрениот однос на СДСМ кон ДИК, а со самото тоа и за организирање на фер и демократски избори кои СДСМ ги користи како флоскула и параван. Последниот потег на социјалдемократите практично претставува доказ дека методологијата всушност не е проблем и СДСМ докажа дека намерно ја кочи работата на ДИК, пишува „Курир“.
Според познавачите со ова ДИК има опција да ја земе предвид оваа изјава на СДСМ дека партијата на Зоран Заев всушност нема проблем со избирачкиот список, туку има за цел да воспостави контрола врз медиумите што самиот на прес конференција ги означи како негови најголеми непријатели.